С*кс на плажа: Што треба да знаете?

Летото и желбата за авантура, во комбинација со зголеменото либидо што е вообичаено за овој период во годината, се одлична комбинација за да помислите на секс на плажа.
Сексот на плажа е возбудлив – можноста некој да ве „фати“ на дело само го зголемува либидото и возбудата, како и самата помисла дека правите нешто недозволено.
Ако летово одите на одмор со партнерот или планирате да имате летна авантура на одмор со пријателите, а никогаш порано не сте имале секс на плажа, не е лошо да се информирате пред да преземете какви било чекори, што секогаш е добар совет кога станува збор за секс.
Во филмовите сексот на плажа е претставен како нешто многу спонтано, романтично и лесно изводливо, но реалноста е „малку“ поинаква.


Иако е супер идејата да го зачините сексуалниот живот со нешто ново, за да имате незаборавно искуство на добар начин, бидете добро подготвени пред да се впуштите во секс на плажа.
Најпрво, кога планирате да имате секс на плажа, понесете дебела покривка за да се заштитите од песокот што со триење на телата може да предизвика сериозна иритација на кожата, па искуството да биде незаборавно на хорор начин.
Најдобра опција би било да имате секс на плажа навечер, но ако сакате да бидете вистински авантуристи и се упатите кон некоја пуста плажа и имате секс таму преку ден, не заборавајте да ставите крем за сончање насекаде на телото.
Секс во вода
Можеби ви изгледа секси во некоја легендарна филмска сцена, но во вистинскиот живот секс во вода може да биде навистина незгодна авантура.


Водата е нечиста
Сигурно немате секогаш секс на беспрекорно чист кревет и стерилизирани чаршави, но во големите водени пространства како езеро (природно и вештачко), море или океан има бактерии како Ешерихија коли и Салмонела. Истото важи и за базени и џакузи бањи, каде дополнителен пробем може да предизвика несоодветното ниво на pH вредноста што може да го оштети кондомот.
„Може да внесете бактерии и други бацили длабоко во вагиналниот канал и да направите поголем проблем“, предупредува Џенифер Вајлдер, доктор за женско здравје.
Појава на сувост
На прв поглед си велите – супер ќе лизга во вода. Но, не заборавајте дека водата не е лубрикант. Напротив, може да предизвика уште поголемо триење бидејќи ќе го измие природниот лубрикант на пенисот и на вагината. Ако користите кондом, водата може да го измие и исуши и лубрикантот на презервативот.
Зголемен ризик од сексуално преносливи болести
Извинете, ама водата нема магично дејство и не чисти од сексуално преносливи болести. Со оглед на тоа дека употребата на кондом е малку покомплицирана под вода, со неправилна употреба на кондомот го зголемувате ризикот од заразување, а ако не користите никаква заштита – целосно сте изложени на ризик.
Во кои земји (не) смеете да имате секс на плажа.
Водењето љубов на јавно место, вклучувајќи и на плажа, ќе ве чини седум години затвор во Романија.
Во Хрватска може да бирате меѓу 30 дена затвор или 150 евра парична казна.
На Мајорка во Шпанија казните се движат и до 1000 евра.
Скандинавците дури и ги охрабруваат двојките да водат љубов на свеж воздух. Во Шведска за мала авантура на плажа ќе платите казна од 50 евра, додека ако ве фатат дека имате секс на плажа во Норвешка, ќе добиете само опомена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.