Славната манекенка сосема искрена: „Имавме секс на првиот состанок”

Парот Криси Тиген и Џон Леџенд се еден од најстабилните парови во Холивуд, а во среќен брак се веќе седум години. Тие двајца се запознале на снимањето на неговиот видео спот за песната “Stereo”, а Криси добила прстен четири години подоцна.
Манекенката е позната по тоа што воопшто нема влакна на јазикот, па овие денови открила сочни детали во врска со нивниот брак и почетокот на врската.


„Имавме секс на првиот љубовен состанок”, отворено признала Криси и додала дека на почетокот на врската била многу
љубоморна. Особено во сеќавање ѝ останала една девојка која глумела во спотот на Леџенд.

„Сите мажи од сетот коментираа колку е убава, а таа беше главната девојка во видеото. Дури ме запрашаа – зарем не е прекрасна? А, јас бев малку безобразна. Искрено, бев многу разгалено детиште”, вели Криси.
Двојката има две деца, ќерката Луна и синот Мајлс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.