Следува целосно затварање за новогодишните празници: Членови на Комисијата за заразни болести се за целосен LOCKDOWN?

Комисијата за заразни болести в понеделник ќе има подолг состанок на кој се очекува да разговараат за евентуално воведување нови рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат на работењето на кафулињата и другите угостителски објекти пред и за време на претстојните новогодишни и божикни празници.
Членови на Комисијата за Фактор потврдуваат дека е можно да препорачаат нови порестриктивни мерки за да се заштити населението и да се спречи уште едно големо ширење на заразата кое би резултирало со огромен број нови позитивни случаи на корона вирусот во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.