СЛЕП ПЕНЗИОНЕР САМ СИ ИЗГРАДИЛ КУЌА: Кучето му бил единствен помошник, а имало и такви кои го злоупотребиле

Русинот Владимир Крисанов, слеп пензионер од селото Зарицки во областа Разан, решил да изгради нова куќа со своето куче Дик, затоа што неговата стара куќа се распаднала.
-Кучето е навигатор со четири нозе. Без него ништо не би било можно, вели тој.


Изградбата започнала во 2010-та година и Владимир само сакал да ја надогради летната тераса, меѓутоа, кога куќата почнала да се распаѓа, тој се соочил со нови маки.
Собирал дрва и штици, а во својата работа се потпирал само на чувството за допир.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.