Новак и Јелена Ѓоковиќ се еден од најпознатите и најстабилните парови на јавната сцена на денешницата, а нивната љубов, заедништво и меѓусебна поддршка се инспирација и пример за многумина. Тие се вљубени од 2005 година, во брак од 2011 година. Имаат две деца – десетгодишниот син Стефан и седумгодишната ќерка Тара, а сега се појави стара фотографија од нивните средношколски денови која целосно јс воодушеви глобалната јавност.И Новак Ѓоковиќ и Јелена, тогаш Ристиќ, оделе во спортска гимназија во Белград. Двајцата тренираа тенис. Нив ги запознал заеднички пријател, а сè после таа средба е позната историја. Неколку пати се присетуваа на своите почетоци, а Јелена еднаш раскажа како крстозборите ги зближиле.Hовак ме замоли да му помогнам да го реши крстозборот„Ние бевме само деца кога првпат се запознавме. Бевме на тениски турнир во клуб на Баново Брдо. Тренирав тенис долго време, до 15 години, па имавме заедничко друштво. Решаваше крстозбори и јас бев до него, па тој ме замоли да му помогнам и така почнавме да го решаваме заедно, но после тоа повремено се среќававме и секогаш убаво си поминувавме, но без никакви назнаки дека некогаш ќе се забавуваме по „три години“, рече еднаш Јелена Ѓоковиќ , а Новак откри дека бил вљубен во неа за време на средношколските денови.
Novak Djokovic literally married his high school crush. This is deadass tougher than winning 24 grand slams 😭Another reason why he’s the GOAT 🐐 pic.twitter.com/hGOYKRRvRY— SK (@Djoko_UTD) January 30, 2025
Љубителите на тенисот првпат имаа можност да ја видат на турнирот во Амерсфорт во 2006 година, кога Новак ја освои првата титула, а потоа таа стана редовен поддржувач на трибините – особено откако ги заврши студиите во Милано.Оттогаш ги следиме на секој чекор, но повторно најголемо внимание привлекуваат старите фотографии на кои можеме да видиме како изгледале Новак и Јелена во тинејџерските години, како наивни, неоптоварени и заљубени деца, пред славата, очекувањата и притисокот на јавноста. А најдоброто е – по две децении, тие сè уште изгледаат исто толку заљубени и среќни.Сјајот во очите никогаш не згаснуваТоа го забележаа и бројните корисници на социјалната мрежа Х, кои со комплименти ја преплавија фотографијата на Новак и Јелна насмеани и прегрнати, позирајќи пред големите букети рози.„Нивната насмевка и среќа во очите не се сменија. Новак очигледно прави сè како што треба“, беше најпопуларниот коментар, кој всушност е и суштината на целата приказна.



