Сликата на Винсент ван Гог беше продадена на аукцијата на „Сотби“ за 62.710.000 долари, односно повеќе од 54 милиони евра.
Делото од 1887 година, насловено како „Букет париски романи и роза во чаша“, е продадено за 35 проценти повеќе од проценетата вредност, објавува „NL Times“.
Сликата на Ван Гог , која прикажува куп книги на маса, предизвика седумминутна војна со лицитации помеѓу експертот на „Сотбис“ Сајмон Шо, дилерот Дејвид Нахмад и советничката Пати Вонг, која на крајот ја даде победничката понуда.
Во исто време, цртежот на Ван Гог од 1888 година, насловен како „Јавна градина со клупи на плоштадот Ламартин“, беше продаден на истата аукција за 2.978.000 долари, што беше на горната граница од очекувањата на аукциската куќа.
Друга скица на Ван Гог од истата година, „Сејачот на пченично поле на зајдисонце“, е продадена за 11.155.000 долари на друга аукција на „Сотби“.
Аукциската куќа очекуваше скицата да достигне цена помеѓу 8 и 10 милиони долари.
The post Слика од Ван Гог продадена за 62,7 милиони долари на аукција во Њујорк appeared first on Во Центар.



