Доктор Игор Кузмановски разрешен од директор на Клиниката за неврологија поради објавено компромитирачко видео на кое се гледа дека меша бела прашкаста материја во домашни услови, а кој својата специјалистичка лиценца за доктор по неврологија не ја обновил откако му истекла на 15 март 2025 година, туку таквото обновување во Лекарската комора го побарал минатата недела, сепак во овој момент има активен специјалистички факсимил од Фондот за здравство валиден до 31.12.2028 година. – објави редакцијата на Слободен печат.
Ова „Слободен печат“ го потврди со увид во шифрарникот на лекари специјалисти објавен на страницата на Фондот за здравство каде печатот на Кузмановски е заведен со број 712680. Ваквата ситуација потврдува дека Фондот за здравство има направено пропуст, односно не контролирал навремено дали лиценцата на докторот е обновена. Во ФЗОМ прашавме како се случил пропустот и очекуваме одговор.

ИЗВОР: Слободен печат



