Словачка соочена со втор бран на Ковид-19

Министерот за здравство на Словачка, Марек Крајчи, изјави дека државата доживува втор бран на пандемија на коронавирусот.
– Во моментов епидемиолошката состојба во Словачка е под контрола, иако се влошува. Државата се соочува со втор бран (на пандемијата) на новиот коронавирус, изјави тој за националното радио.
Во Братислава вчера се одржа состанок на комисијата за борба против пандемијата, формирана од словачката Влада. Експертите во неговиот состав ги советуваа жителите да се воздржат од патување во странство.
Од почетокот на пандемијата, вкупниот број на заразени со коронавирусот во Словачка, со население од 5,5 милиони, достигна 2.615, вклучувајќи ги и оние кои се опоравиле. Регистриран е 31 смртен случај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.