Словенија го ограничи полнењето гориво на 50 литри по лице дневно, можни се порестриктивни мерки

Во Словенија од полноќ е на сила одлуката за ограничување на полнењето гориво на бензинските пумпи со цел да се спречи проблемот со снабдувањето со нафтени деривати предизвикан од израелско-американскиот напад врз Иран.

Полнењето гориво е ограничено на 50 литри дневно по лице и 200 литри по правно лице и по физичко лице кое врши дејност.

Како што е наведено, ограничувањата ќе важат до понатамошно известување.

Владата ги повика дистрибутерите да ги координираат испораките од магацините до бензинските пумпи.

Трговците со гориво се должни утре наутро да достават нови извештаи за состојбата на бензинските пумпи, а потоа владата ќе одлучи дали е потребно да се преземат нови и порестриктивни мерки.

Според словенечкиот премиер Роберт Голоб, владата сака да постигне ограничувања во продажбата на гориво, особено на странски државјани, поради што издала препорака до трговците на мало да подготват мерки за странски државјани.
The post Словенија го ограничи полнењето гориво на 50 литри по лице дневно, можни се порестриктивни мерки appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: