Словенија ја продолжува состојбата на епидемија до 17 декември

Словенечката Влада вчера донесе декрет да ја продолжи прогласената состојба на епидемија на Ковид-19 за уште 30 дена, односно до 17 декември, бидејќи бројот на заразени и хоспитализирани од коронавирус и понатаму е над дозволените, пропишани услови за укинување.
Одлуката стапува во сила од 18 ноември, се наведува во владиното соопштение.
Сите словенечки региони потврдиле дека бројот на новозаразени го надминал бројот кој е потребен за прогласување епидемија.
Според важечките прописи во Словенија, доколку во период од 14 дена просечниот дневен биланс на новозаразени изнесува 140 или повеќе на 100.000 жители, 250+ хоспитализирани и 50+ на интензивна нега, се создаваат услови за прогласување епидемија.
Официјалните податоци покажуваат дека просечниот дневен број на новозаразени е 922, бројот на болнички приеми 1.264 и бројот на пациенти во интензивна нега изнесува 205.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.