Смртоносна грешка? Млада студентка го загуби животот откако скокна од мост, камерата сними драматични сцени – нејзиниот вереник гледаше сè (ВИДЕО)

Млада студентка од Бразил го загуби животот откако скокна од мост висок 40 метри, бидејќи, како што се сомнева, поради грешка на организаторите, не била врзана со безбедносно јаже.

Шокантни снимки од Бразил од трагедијата за време на скокот од мостот ги преплавија социјалните мрежи откако едно младо девојче го загуби животот поради, за кое се сомнева дека е фатална грешка на организаторите.

Вознемирувачкото видео прикажува тројца мажи како ја креваат девојката преку оградата на мост висок околу 40 метри, по што таа паѓа кон земјата. Подоцна се покажа дека безбедносното јаже не било прицврстено.

Жртвата е Марија Родригез од Џандира, во бразилската држава Сао Паоло. Студентката на спортскиот факултет била љубител на адреналински спортови, а според британските медиуми, непосредно пред трагедијата, таа објавила видео на социјалните мрежи во кое се шегувала за претстојниот скок .

На видеото од несреќата се гледа и моментот кога организаторите сфатиле дека девојката не е врзана со безбедносно јаже. Крајот на јажето останал на мостот, додека несреќната девојка паднала од висина од околу 40 метри и починала на самото место од повредите.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете ТУКА .

На трагедијата присуствувал и нејзиниот вереник, кој доживеал тежок шок.

Бразилската полиција првично привела шест лица, а според локалните медиуми, двајца осомничени се обиделе да избегаат, но набрзо биле лоцирани и приведени со помош на хеликоптер.

Тројца мажи се соочуваат со обвиненија за убиство од небрежност. Истражителите наведуваат дека групата што ги организирала скоковите немала потребни дозволи за извршување на такви активности.

Мостот од кој е направен скокот никогаш не е отворен за сообраќај, но со години е познат меѓу љубителите на адреналински спортови. Иако скокањето со јаже е забрането на таа локација, некои туристички оператори наводно продолжиле да промовираат и организираат вакви активности.
The post Смртоносна грешка? Млада студентка го загуби животот откако скокна од мост, камерата сними драматични сцени – нејзиниот вереник гледаше сè (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: