Смути од спанаќ и јаболка

Чаша полна витамини за добар почеток на денот, се подготвува за неколку минути.
Потребни состојки:
-100 г спанаќ
-1 банана
-2 јаболка
-1/2 лимон
-500 мл вода
Начин на подготовка:
Излупете ја бананата, исцедете го лимонот, јаболката исечете ги на половини. Спанаќот детално измијте го и оставете малку да се исуши.
Ставете ги сите состојки во блендер, мешајте првин со помала брзина, а потоа зголемете ја. Ставете го пијалакот во чаша и послужете веднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.