Снегот направи хаос и во Германија

Управата на аеродромот во германскиот град Минхен соопштила дека денес заради обилните врнежи од снег кои погодија делови од централна Европа се откажани околу 90 лета , пренесе АП. Обилните снежни врнежи предизвикаа хаос во сообраќајот во делови на Германија и Австрија. Властите во овие две земји ги затворија железничките и автопатиштата заради опасности од лавини, а аеродромите ги откажаа летовите.
Германската полиција соопшти дека едно лице загинало, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа на заледен пат во близина на градот Бад Телц.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.