Снег ја парализира Франција

Обилни снежни наноси има денес во францускиот регион Оверњ-Рона-Алпи и соседните региони, јужно и западно од Лион. Снегот предизвика хаос на патиштата, но исто така и прекин на електричната енергија во речиси 200. 000 домаќинства. На некои места наврнале 40 сантиметри снег, а телевизиските снимки покажуваат стотици возила кои стојат по патиштата заради неочекуваните наноси.
Во текот на ноќта околу 900 камиони биле блокирани на патиштата, а неколку стотици возачи ги напуштиле своите возила во потрага по безбедно сместување.
Како што објави “Ројтерс“ механизацијата за расчистување на снегот веќе е на патиштата, а надлежните компании се обидуваат да воспостават нормално снабдување со електрична енергија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.