Собранието го усвои законот за Изборниот законик кој Иванов не го потпиша

Во попладневниот дел од денешната 95. седница пратениците без дебата, во трето читање, ги изгласаа и законите за практиканство, за Влада, за спорт, за финансиска поддршка на инвестициите, како и законот за Изборниот законик, кои претседателот на државата Ѓорге Иванов претходно одби да ги потпише. Овие закони Собранието ги изгласа на седница одржана на 27 март 2019 година.
Во претпладневниот дел на седницата Собранието ги усвои законите за Централен регистар на население, за извршување на санкциите за електронско управување и електронски услуги, за услуги за тутун, производи од тутун и сродни производи, за регистрирање на готовински плаќања, за државните награди, како и за ратификација на Договорот со Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи, кои Иванов, исто така не ги потпиша.
Законите се разгледуват во трето читање откако Иванов со указ ги врати назад до пратениците, објасни претседателот на Собранието, Талат Џафери.
– Согласно член 75 став 2 Собранието повторно го разгледува Законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници претседателот е обврзан да го потпише указот, рече Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.