понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието на 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари.

Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со измените, како што беше образложено, се менуваат одредени термини од постојниот закон согласно новите законски решенија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Собранието донесе Одлука за испраќање припадник на Армија на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европска Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Собранието донесе заклучоци со кои констатира дека не се оправдани и нека потреба за автентично толкување на членови на неколку закони – Барањето за автентично толкување на член 5 ставови (2) и (3) од Законот за данокот на личен доход поднесено од пратеник Оливер Спасовски, Барањето за давање на автентично толкување на член 18 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, поднесено од пратеникот Зоранчо Јованчев, Барањето за давање на автентично толкување на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-2005/1 од 15.03.2024 година, Барањето за давање на автентично толкување на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-7116/1 од 16.12.2025 година и Барањето за давање автентично толкување на член 5, ставови (2) и (3) од Законот за данок на личен доход, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информира дека собраниската седница ќе продолжи денес во 12 часот.

Поврзани вести