Собранието повторно ги усвои законите за првосудството и за прекин на бременоста

СДСМ преку соопштение објави дека Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста, кои се во интерес на државата и нејзините граѓани. Од таму наведуваат дека Собранието повторно ги изгласа законите кои биле намерно блокирани од Ѓорге Иванов. Исто така од владејачката партија посочуваат дека станува збор за исклучително важни закони кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси.
– Со Законот за прекинување на бременоста, не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото. Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, велат од партијата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.