Собраниска седница за новите министри во среда

Собраниската седницата на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата е закажана за среда во 11 часот. На неа е и предлогот за разрешување на министрите кои ќе бидат сменети.
Премиерот Заев денес го достави предлогот за избор на нови министри во Владата до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Трајан Димковски е предложен за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Обврската министер за финансии ќе ја преземе лично премиерот, кој како што кажа, ќе ја извршува оваа функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.