Собраниска седница за Предлогот за одземање на мандатот на Груевски

Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е на дневен ред на денешната пленарна седница во Собранието. Пред два дена со пет гласа “за“ Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието констатира дека ќе поднесе извештај до Собранието со заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Груевски.
Според деловникот, Собранието ќе треба да го разгледа барањето на првата наредна пленарна седница. Мандатот на Груевски е 20-та, односно последна точка на дневниот ред.
Меѓутоа, ако се земе предвид тоа што осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претходно соопштија дека нема да гласаат “за“ одземање на неговиот мандат, а е потребно двотретинско мнозинство сè поизвесно е дека предлогот нема да помине на седницата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.