Како да извршите детоксикација по вдишување на токсични гасови детално објаснува д-р Нико Беќаровски. Во таканаречената „хорор ќелија“ во Кочани беа затворени околу 650 млади луѓе, многу од кои вдишале отровни гасови со чадот. За оние што не беа хоспитализирани, тука е природен начин за чистење на организмот од штетните супстанци. 1. Пијте 2 до 3 литри вода секој ден. 2. Започнете го утрото со чаша топла вода во која ќе додадете сок од половина лимон. 3. Преку денот консумирајте еден зелен чај и еден чај од ѓумбир и куркума. 4. Вклучете барем едно јаболко во исхраната и што повеќе брокула, зелка, карфиол и ‘berries’ како малина, капина или јагода. 5. Ручекот нека содржи леќа, овес, интегрален ориз, печурки (по можност реиши). 6. Препорачливо е да посетите сауна, или барем секојдневно да се туширате 10 минути наизменично со топла и ладна вода. 7. Применете интермитентно постење 8/16. Овие упатства треба да ги следите 15 до 30 дена, во зависност од степенот на изложеност. Ако ова Ви изгледа премногу сложно и тешко за спроведување, едноставната алтернатива е да земате 2 пати на ден 15-30 дена Caps. G-132+Natural со 2 до 3 литри течности. Овој протокол е исто така добар и за пушачи, кои треба да го применуваат на секои три месеци, како и за оние кои живеат во области со високо ниво на загадување.
The post Совети за детоксикација на организмот по изложување на штетни супстанции appeared first on 365.mk.


