Советот на јавните обвинители треба да се изјасни за кандидатите за нов државен јавен обвинител

  Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка – давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Советот на јавните обвинители, во согласност со законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата по што таа до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.
Потврдени кандидати се поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска која беше член на СЈО на Катица Јанева, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.
Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.
Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Пронајдете не на следниве мрежи: