Советот на ЈО утре ќе треба да даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

  Советот на јавни обвинители утре треба да ја одржи 38. седница, на чиј дневен ред е само една точка – давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Kако што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. 
Еден од петтемина пријавени би требало да го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, а на негово место како в.д. државен јавен обвинител дојде обвинителката Тополова-Исајловска, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.
Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.
Владата на седница на 3 февруари донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби, ги достави до Советот на јавните обвинители, откако Собранието, претходно ја информирало Владата за завршување на огласот за јавен обвинител и ја доставило листата со кандидати.

Пронајдете не на следниве мрежи: