СОЛЕН ЧИЗКЕЈК: Покремаст од благата верзија, а нема потреба да ја вклучувате рерната или шпоретот

Ќе ви требаат:

250 г солени крекери125 г путер270 г павлака400 г крем сирењепрстофат сол100 г шункапрстофат оригано1 кесичка желатин50 г сирење

Подготовка:

Во блендер, изблендирајте ги солените крекери и измешајте ги со стопениот путер. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и оставете го во фрижидер да се стегне. Одделно, измешајте го крем сирењето, павлаката, прстофат сол и ситно исечканата шунка. Направете го желатинот според упатствата на кесичката и измешајте го во смесата. Потоа додадете го ренданото сирење и ориганото. Добро измешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа прелијте ја врз изладената основа во плехот за печење. Оставете го чизкејкот во фрижидер најмалку 4 часа да се стегне.

Пронајдете не на следниве мрежи: