Солзи и запросување на спектакуларниот концерт на Марија Шерифовиќ во Тузла!

Вечерта во сабота и покрај лошите временски услови, односно невремето кое го зафати речиси целиот Балкан Марија Шерифовиќ одржа спектакуларен концерт во салата “Мејдан“ во Тузла. Со своите неверојатни гласовни можности Шерифовиќ разнежни околу 7.000 обожаватели кои снегот не ги спречи да дојдат и да ја слушаат својата омилена музичка ѕвезда.
Посебната врска која Марија ја има со фановите во Босна и Херцеговина уште еднаш се покажа како нераскинлива.
И како што обично бива, фановите на Марија го одбраа токму нејзиниот концерт како настан кој ќе го паметат до крајот на животот. Еден пар се сврши со нејзина помош и како што таа откри на Инстаграм едно момче посебно ја разнежни, што таа не можеше да ги скрие солзите.
– Пеам 15 години и никогаш, ама баш никогаш не ми било потешко да ја испеам песната до крај. Плаче тој, плачам јас. Се смее тој, се смеам јас. Се глупира тој, се глупирам јас. И совршено се разбираме. Има кристално сини очи и насмевка на ангел. Биди ми добар, здрав и вечито насмеан, напиша Марија Шерифовиќ на Инстаграм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.