Сомнежи за обид за партиски вработувања на асистенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – случај на разгледување на седница во ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 23-та седница расправаше и за случај поврзан со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Заменик-претседателката Цвета Ристова образложи случај од познат подносител со наводи за сомневање за прекршување на Изборниот законик од страна на раководствто на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, дека во изборен процес Факултетот донел одлука за утврдување потреба од вработување на 12 асистенти.

Според пријавата се изразува сомневање дека е сторено прекршување на Изборниот законик и обид за партиски вработувања на кандидати фаворизирани од страна на одредени политички партии.

ДКСК доставила барање до Фалуктетот за доставување на документација за наводите во пријавата, при што е утврдено дека на седница на Деканската управа на 30 септември е донесен заклучок да се одложи точката за утврдување на потребата за нов наставен кадар и истата да е одложена до крајот на ноември, односно почетокот на декемри.

Ристова образложила дека имајќи предвид дека точката е тргната од дневен ред и дека не е почната постапка за вработување нови лица нема потврда за прекршување на Изборниот законик, поради што членовите на ДКСК гласаа за прекин на предметот.

Пронајдете не на следниве мрежи: