Кај девет пациенти на кои им се извршени кардиолошки интервенции има сомнителни наоди, утврдила странската комисија што беше формирана од Министерството за здравство по сомнежите дека во приватни болници биле праќани пациенти на непотребни интервенции само заради профит.
Министерот за здравство Азир Алиу, кој денес на прес-конфереција ги објави резултатите од странската комисија, рече дека биле анализирани 13 предмети од кои само кај четири коснатирано е дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен и во согласност со страндардите на клиничката пракса.
– Кај останатите девет пациенти, според странските експерти, документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, на пример несогласување меѓу ангиографски наоди од коронарографијата и писмениот извештај, по што следувала несоодветна индикација за процедурите, било ендоваскуларни или хируршки, изјави Алиу.
Странската комисија беше формирана по барање на Министерството за здравство откако кардилогот Сашко Кедев во интервју за Канал 77 укажа на сомнителни случаи на непотребни кардиолошки интервенции во приватни болници.
The post Сомнителни наоди за кардиолошки интервенции утврдени кај девет пациенти appeared first on Provereno.



