Сончево време со температура до 36 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде висок, 9.
Дневните температури ќе достигнат до 36 Целзиусови степени – Скопје 35, Маврово 27, Охрид 31, Битола 32, Кавадарци 35, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 36 Целзиусови степени.


Прогнозата и за утре е сончево и топло со мала до умерена локална облачност, УВ индекс 9 и повисоки дневни температури – Скопје 36, Маврово 28, Охрид 32, Битола 33, Кавадарци 37, Крива Паланка 29, Берово 31, Дојран 38 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.