Сончево време, утринските температури под нулата

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.