Сончево и многу топло со локална облачност и температура до 41 степен

Во Македонија времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи помеѓу 14 и 23, а максималната помеѓу 34 и 41 степен Целзиусов. УВ индексот ќе има висока вредност 9.
И во Скопје и околината сончево и многу топло со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи помеѓу 21 и 39 степени, а УВ индекот ќе биде 9.
Сончевото и многу топло време ќе се задржи до среда. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури, а и индексот на УВ зрачење ќе биде особено висок. Од четврток метеоролозите најавуваат благ пад на температурите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.