четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево и многу топло со умерен јужен ветер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец поизразен попладне во централните делови. Максималната температура ќе се движи од 15 до 23 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 21-от степен.
Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и топло со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат за дури десет степени над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени. Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи претежно од дожд се очекува во понеделник кон крајот на денот. Во вторник ќе има позначителен пад на дневните температури.

Поврзани вести