Сончево и топло време до 30 степени, УВ индексот 8

Времето во земјава ќе биде сончево и топло, во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната од 22 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Од среда ќе дува умерен јужен ветер

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.