Сончево и топло време, попладне услови за дожд и грмежи

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне повремено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.