четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево со мала до умерена локална облачност: максималната температура до 23 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Времето во наредната недела
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Поврзани вести