Сончево со мала oблачност, попладне дожд и грмежи- за време на викендот температурен шок

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 21 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.


Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во сабота температурен шок во Македонија, ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи.
Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16 до 24 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.