Сончево со натпросечни дневни температури

Денеска во земјава ќе преовладува сончево и топло време со слаб ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 8, а максималната од 22 до 30 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време со утринска температура до 7 и дневна до 27 степени.
Стабилното и суво време ќе се задржи и во наредните денови со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.