Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој денес и утре ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.



