Сончево со умерена облачност, УХМР најавува дожд за овој дел од државата

Сончево време со умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла ќе имаме денес. Повеќе облачност ќе има во источните делови каде ќе има и повремен дожд.
Утринската температура жќе се движи од -1 до 11 степени, а дневната од 3 до 16 степени.
Во Скопје слично време со утринска температура од 6 степени, а дневна од 16 степени.
Според метеоролозите и утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла. Во крајните источните делови ќе има услови за повремен дожд.
Вакво време според најавите ќе се задржи до понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.