Сончево со умерен до засилен северен ветер

Денес во земјава времето ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта беше претежно ведро и дуваше слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се движеше од 6 до 16, а максималната ќе достигне 26 до 33 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време, повремено со засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.
Ваквото претежно сончево и топло време ќе се задржи до среда, а дневните температури ќе бидат повисоки од вообичаените за овој период од годината. Веќе од четврток се најавува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Температурата ќе биде во опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.