Сообраќајка во Германија: „Се превртел автобус со ученици, повредени 21 лице“

Автобус со околу 60 патници излетал од патот, удрил во заштитната шина и се превртел на страна во ендекНајмалку 21 лице е повредено, од кои едно потешко, откако автобус се превртел во четвртокот вечерта во Германија.Инцидентот се случил на патот А44 во близина на Верле во Германија, пренесува Билд .Како што јавија медиумите, автобусот со околу 60 патници излегол од патот, удрил во заштитна ограда и се превртел на страна во ендек.Во автобусот имало ученици од стручно училиште во Марбург. Тие се враќаа од патување во Англија.Инцидентот се случил нешто по 23 часот.Според полицијата, на возачот на автобусот му се слошило кога се случила несреќата.Да потсетиме, најмалку четири лица загинаа откако автобус излета од автопатот и се преврте во близина на Лајпциг, Германија во средата, на 27 март.

Пронајдете не на следниве мрежи: