Сообраќајка на патот Струмица – Берово

Во сообраќајна несреќа што утрово се случила на патот Струмица – Берово, пред село Петралинци учествувале шлепер и неколку патнички возила. Од СВР Струмица го потврдија настанот, но бидејќи се уште трае увидот на полицијата повеќе информации најавуваат за подоцна. Патот повеќе од еден час е блокиран за сообраќај.
Како што информираат жители на село Петралинци во сообраќајната несреќа учествувале шлепер и неколку патнички возила. Неофицијалната информација е дека нема починати и потешко повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.