петок, 27 ноември 2026
Најново

Сообраќајна несреќа во с. Зајас: Тешко повреден е малолетник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера во 12:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во с.Зајас, кичевско, на локален пат за „Нова населба“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ. (32) од с.Горно Строгомиште, кичевско и електричен тротинет, управуван од 15-годишник од с.Зајас.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево, соопшти МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За настанот е известен јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Поврзани вести