четврток, 26 ноември 2026
Најново

Сообраќајна несреќа на патот Валандово – Дојран, кинески имигрант го загуби животот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за внатрешни работи соопштува дека се случила несреќа на патот Валандово – Дојран, во која животот го загуби жена од Кина.

„На 19 ноември 2025 година, околу 04:20 часот, во Полициската управа Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, камион „Мерцедес“ со полуприколка и српски регистарски ознаки, управуван од С.М. (52) од Србија, излетал од патот. Жена мигрантка од Кина починала на местото на настанот од повредите, според наодот на лекар од Итна помош.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По наредба на јавниот обвинител, телото е испратено на обдукција. Повредени се уште седум имигранти од Кина.

Возачот С.М. е однесен во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажана лекарска помош. Полициска екипа од Гевгелија извршила увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител“, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани вести