четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран на местото каде што се запали автобус

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје е нормализиран и се одвива непречено, соопшти АМСМ, откако попладнево после 17:25 часот едната лента беше затворена поради автобус кој се запали во близина на патарината „Отовица“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи инцидентот се случил околу 16 часот, кога во СВР Велес било пријавено дека се запалил автобус со прилепски регистарски таблички.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на ТППЕ. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Велес“,информираат од МВР.

Според првичните информации автобусот се запалил во движење, а причините за инцидентот не се познати.

Поврзани вести