Сопругот на Јелена Томашевиќ, актерот Босиљчиќ позитивен на коронавирусот: „Под надзор на лекар сум“

Актерот Иван Босиљчиќ, сопругот на Јелена Томашевиќ објави дека е позитивен на коронавирус, поради што беше принуден да ги откаже сите планирани собири со публиката.
– Драги мои, вечерашната претстава во „Мадленианум“ ќе мора да помине без мене. Како и „Нашата вечер“ на 14 февруари во салата Комбанк и моите театарски претстави планирани за овој месец. Мојот тест за Ковид-19 е позитивен, во текот на следниот период ќе се опоравам во домашна изолација. Имам симптоми, под надзор сум на добри лекари, напиша актерот и додаде:
– За мене е исклучително важно што никој од над 30-те колеги со кои бев на проби секој ден во Националниот театар, Мадленианум и Комбанк не е заразен. Исто така, моето семејство е здраво. Ви благодариме за разбирањето. Се гледаме наскоро во здравје. Чувај се.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.