Сопственичката на најдоброто тело на светот: “Мајките ги користат децата како изговор да не ја извршуваат својата работа”

Манекенката Кели Брук се нашла на удар на бесни мајки по изјавата дека некои од нив ги користат своите деца како изговор да ги заобиколуваат роковите или да не дојдат на работа.
Кели гостувала во емисијата “Loose Women”, а помеѓу останатото таа нагласила дека жените кои се “вистински професионалки” никогаш не ги споменуваат децата на работното место.


“Немам деца па затоа не секогаш разбирам, но работам со жени кои, доколку не стигнат на состанок или не изработат нешто пред рокот, наоѓаат изговори како “морам да го искапам бебето” или “да ги нахранам децата” или “да одам на родителска”. И други жени имаат деца, но од нив не слушате такви работи. Тоа е професионално и многу ми се допаѓа. Мислам дека жените не би требало да ги користат децата како изговори за да ги одбегнат своите обврски. Доколку не можете да ја завршите вашата работа, не ги обвинувајте децата за тоа”, изјавила 38-годишната манекенка за која научниците утврдиле дека го поседува најдоброто тело на светот.


Иако публиката во студиото ја наградиле со аплауз, оние пред малите екрани имале бурни реакции.
“Таа нема поим, како може да коментира кога нема деца. Чекај да ги добиеш, потоа ќе видиш колку е тешко”, “Кели Брук без деца дели совети на родители кои работат” и “Некои жени немаат помош во одгледување на децата и не секогаш можат да ги исполнат деловните обврски. Престани да бидеш лицемерна и да зборуваш дека жените ги користат децата како изговор”, се само некои од коментарите.


Кели претходно зборувала за спонтаниот абортус кој го доживеала во 2011 година и признала дека многу порано би родила доколку некој би и кажал колку е тешко да се зачне дете во триесеттите години од животот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.