Сопственичка е на компанија која вреди 85 милиони долари, а на својата свадба носеше венчаница од само 300 долари

И покрај тоа што модната куќа „Sowpo“ вреди речиси 85 милиони долари, нејзината газдарица Џени Лу за нејзината венчавка носеше венчаница од сопствениот бренд која чини само 299,5 долари.


33-годишната Џени во брак стапи со нејзиното долгогодишно момче Џејмс Валди, а иако многумина очекуваа раскошна свадба, таа се одлучила свадбената церемонија да се одржи покрај морето во присуствои на најблиските и во доста скромна венчаница.


-Оваа година отворивме салон за венчаници, па би била луда да не облечам сопствен бренд за денот на мојата венчавка, пресреќна сум, рекла таа.


Парот се запознал за време на размена на студенти во 2008 година во Шведска, а Џејмс ја запросил лани во Венеција за време на романтично возење во гондола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.