Соседот ја пријавил Северина во полиција: Пејачката го “нападнала “со јајца, а потоа ја обвини за нешто друго

Пејачката Северина Којиќ е пријавена во полиција зашто наводно, фрлала со живи јајца кон соседот (77) од Загреб.
Имено, како што се наведува, тој истакнал дека нејзините јајца „му се цеделе низ маицата и панталоните“, а тој пријавил сè во полициска станица, пишуваат хрватските медиуми.
За време на интервенцијата, Северина и рекла на полицијата дека „не знае за какви јајца зборува соседот“ и дека „ручала на маса со своето семејство“. Но, нејзиниот сосед истакнал дека тој сепак имал уште еден проблем
„Некој ми ги откорнал бришачите од автомобилот. Се сомневам кој би можел да биде, но нема да кажам“ – изјавил соседот на Северина, кој живее во загребски Козјак, каде што живее и пејачката, кој им се доверил на своите пријатели од соседството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.