четврток, 26 ноември 2026
Најново

Со ДНК-тест ќе се идентификуваат телата на загинатите во “Цесната“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Идентитетот на загинатите во авионската несреќа што се случи завчера во близина на Солунска Глава и во која загина четиричлено бугарско семејство ќе се утврдува со ДНК-тест.
Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Младен Маринов во изјава за медиумите информирал дека за потребите на експертизата ќе бидат земени примероци од блиски роднини на загинатите, бидејќи телата биле јагленосани и не можат да се идентификуваат на друг начин, пренесе бугарската БГНЕС.
-За да се забрза целата процедура роднините на семејството ќе треба да отпатуваат во Северна Македонија, истакна Маринов. Тој, исто така, додаде дека Бугарија ќе помогне со се што е потребно за да се намали нивната болка.

Поврзани вести