Со државни и воени почести Ципрас дочекан пред Владата

Алексис Ципрас, премиерот на Грција  пристигна во Владата, каде со  државни и воени почести беше пречекан од премиерот Зоран Заев и владинини министри.
Официјалната посета на Северна Македонија Ципрас ќе ја започне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев, по што ќе следува меѓувладин состанок, а двајцата премиери ќе одржат и заедничка прес-конференција.
Освен со премиерот Заев грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери. Во делегацијата што го придружува  Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај десетина министри во Владата, се и претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава.

0

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.