Битолската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на градот, откако бил осомничен дека се обидел да изврши разбојништво под закана со огнено оружје во канцеларија за кредитирање. Случајот брзо бил расчистен по интервенција на полициските службеници и извршен претрес во неговиот дом.
Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека лицето М, објави 4news.mk Ѓ. (36) е пријавено за кривично дело „разбојништво во обид“, а по инцидентот било лишено од слобода околу 1 часот по полноќ. По обезбедена судска наредба од Основниот суд Битола, бил извршен претрес во неговиот дом, при што бил пронајден и одземен пиштол за кој постои сомнение дека бил употребен при обидот за кривичното дело.
Инцидентот се случил на 30.04.2026 година околу 18:10 часот во објект за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола. Според информациите од полицијата, осомничениот со закана со огнено оружје се обидел да изврши разбојништво, но откако не успеал да ја реализира намерата, побегнал од местото на настанот.
По преземените мерки и активности, случајот е целосно расветлен, а против лицето е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола.



